jobs.lidl.mk

Оддел за човечки ресурси

Blue Portrait_W_TDZT
Image Richtext_Offices_AJ_TJ_ES

Во Лидл, нашето највредно богатство се нашите вработени. Како дел од Одделот за човечки ресурси, нашата цел е да привлечеме и задржиме врвни таленти во семејството на Лидл. Нашиот тим за човечки ресурси може да се пофали со богата експертиза, вклучувајќи области како што се регрутација, брендирање на работодач, администрација на плати, компензација и бенефиции, управување со таленти, глобална мобилност, усогласеност со трудовото право и други услуги поврзани со човечки ресурси. Нашата главна цел е да се осигуриме дека Лидл е посакуван работодавач кој нуди еднакви можности за сите.

Ова се нашите тимови во Одделот за човечки ресурси

New Recruitment & EB Team

Тим за регрутација и брендирање на работодавач

Работењето во нашиот Тим за регрутација и брендирање на работодавач е мошне динамично. Примарна задача на тимот е потрагата по нови членови на Лидл семејството во земјава. Но, исто така во доменот на неговите работни задачи спаѓаат и разни активности за успешно брендирање на Лидл како работодавач.
Project Teaser 2 - TM and Engagement Team

Тим за управување со таленти и ангажираност

Нашиот тим за управување со таленти и ангажираност игра клучна улога во воведувањето на програми за тренинг на вработени и нивен кариерен развој. Неговите членови постојано го следат развојот на вработените, притоа навремено идентификувајќи ги потребите за дополнителни обуки и развој на програми.
Project Teaser - HR Services

Тим за услуги за човечки ресурси, работно право и усогласеност

Нашиот тим е одговорен за обработка, одржување и управување со податоците за вработените, подготовка на лични документи, договори за вработување и други видови договори. Советодавната функција на тема усогласеност со човечките ресурси е исто така дел од секојдневни задачи на тимот.
HR Organisation & Transformation Team

HR Тим за организација и трансформација

Тимот за организација и трансформација е одговорен за координација, развој и одржување на концепти и системи за дигитализација на HR процесите кои се неопходни за секојдневното функционирање на нашиот Оддел за човечки ресурси.
Testimonial Pic_AJ

Работењето во Лидл во Tимот за управување со таленти и ангажираност значи запознавање и комуникација со различни луѓе и никогаш нема досаден ден на работа. Сите се супер пријателски расположени, се поддржуваат меѓусебно и заедно го славиме секое достигнување.

Lidl промовира чувство дека сте ангажирани во значајна работа која ги изострува и диверзифицира вашите вештини.

За сите оние кои што бараат компанија која што би можела да понуди кариера наместо работа, Лидл е вистинското место за нив!

 

Ана, Тим менаџер за управување со таленти и ангажираност

Contact Pic_SS_Kitchen Photo
Податоци за контакт:

Тим за регрутација и брендирање на работодавач


Меил: jobs@lidl.mk

Бул. Киро Глигоров бр. 2 - 3 кат, Скопје - Гази Баба

Сакаш да започнеш успешна приказна со нас?

Истражи ги можностите за вработување!

Пребарај отворени работни позиции!