Вработените и корпоративната култура
Нашите вработени се нашите главни столбови
Грижата на нашите вработени е на прво место и градиме култура која го манифестира најдоброто во секој од нас, стремејќи се да бидеме препознаени како фер и прогресивен работодавач.
За нас најважно е да обезбедиме соодветна работна средина каде секој вработен ќе се чувствува мотивиран и ангажиран со цел да го реализира својот целосен индивидуален потенцијал и на тој начин да придонесе за успехот на организацијата. Сакаме да им понудиме на нашите вработени не само атрактивен пакет бенефиции и сигурна иднина, туку и да ја направиме нашата секојдневна работа колку што е можно поинтересна, пријатна и инспиративна.
Нашите тимови се водени од доверба. Да се биде дел од Лидл, значи да се биде дел од компанија која верува дека секој има шанса. Не само да се докаже во она што го прави, но и подеднакво има шанса да биде проактивен и да дозволи самите дела да говорат за него како личност. Затоа ги охрабруваме иновативните идеи на нашите вработени и многу го цениме преземањето иницијативи во рамките на нашите тимови.
Во согласност со ова, негуваме култура на едноставен и транспарентен избор на кандидати, поради што сме препознаени како посакуван и чесен работодавач во земјите каде што постоиме на пазарот.
Развој на вработени
Нашите вработени се нашето најголемо богатство. Тие се нашиот главен двигател на успехот на компанијата и затоа постојано инвестираме во нивниот развој, градејќи средина која промовира континуирано учење и усовршување. Со самото тоа што на своите вработени Лидл им нуди многу различни можности за развој, компанијата расте и секој од нашите вработени има многу перспективи за иднината. Обезбедуваме позитивна работна средина во која се цени индивидуалната одговорност и тимската работа. Лидл нуди стабилни и безбедни можности за работа во кои личниот и тимскиот придонес навистина се вреднуваат и ценат.