Запознај нè
Кои сме ние?
Историски приказ на нашата успешна Лидл приказна
1973
Лидл е најголемиот европски синџир за малопродажба на храна. Заедно со Кауфланд е дел од групата SCHWARZ чие седиште се наоѓа во Некарсулм, Германија. Нашата успешна приказна започнува во 1973 година кога се отвори првата продавница во градот Лудвигсхафен под името Lidl & Schwarz KG. Оваа продавница, со само неколку вработени и 500 производи, станува основа на идната стратегија и проширување.
1989
Франција е првата европска земја надвор од границите на Германија, каде што Лидл започнува да се шири по што продолжува со својата силна експанзија и раст во другите европски земји.
Лидл денес
Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 31 земјa, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.000 продавници и вработува повеќе од 360.000 луѓе.
Лидл во Северна Македонија
Лидл со забрзано темпо се шири низ Европа и од септември 2021 година ги отвори вратите и кај нас.