Оддел за централни услуги
Нашиот Оддел за централни услуги се состои од тимови чии што работни задачи подразбираат барање и купување локации за нашите маркети низ целата земја, добивање на потребните дозволи за изградба, постојана комуникација со контрактори, како и целосно управување со градежните проекти. Овој тим има многу динамична секојдневна рутина. Непосредно по завршувањето на градежните проекти, во рамките на одделот има и тим кој е задолжен за одржување на правилното функционирање на маркетите и исправноста на внатрешните системи со кои истите се опремени.
За мене е голема чест што сум првиот вработен во Лидл Северна Македонија, но, исто така, голема беше и одговорноста, особено кога станува збор за ваков бренд. Предизвикот беше голем, но од друга страна имав интернационален тим кој одлично ме прифати и ме воведе во светот на Лидл.
За време на моето работење овде, сфатив дека сум повеќе од среќен што работам во компанија која работи под високи принципи и стандарди кои гарантираат квалитет.
Знам дека припаѓам на компанија која поддржува континуирано учење и развој и знам дека сум дел од компанија којашто навистина се грижи за своите луѓе.
Гоце, Директор за недвижности