ИТ оддел
ИТ одделот игра клучна улога во обезбедувањето безбедна и оптимална средина за целата компанија. Нашите примарни одговорности вклучуваат развој на информациски структури и безбедносни решенија, како и обезбедување постојана поддршка за олеснување на растот на бизнисот на безбеден и ефикасен начин. Нашиот ИТ оддел е составен од три специјализирани тимови: ИТ поддршка, инфраструктура и деловни решенија, секој посветен на обезбедување на врвна поддршка и решенија. Со својата експертиза и посветеност, тие се од суштинско значење за успехот на компанијата.
„Преку предизвици наједноставно се учат нови работи“
Работењето во Лидл за мене донесе многу професионални предизвици, кои што со задоволство ги прифатив, бидејќи тоа е единствениот начин да се научат нови работи.