jobs.lidl.mk

Работни позиции Најави се Зачувани позиции

Специјалист за ИТ услуги и поддршка

Аплицирај
Blue_Portrait_new_M_26_VW

Локација

Централа {amount} km
бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје

Тип на договор

Полно работно време

Ниво на работна позиција

Со искуство

Работна област

IT

Референтен број:

525822

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Обезбедување достапност на IT-сервисниот пулт за корисниците на IT услуги
  • Управување со инциденти и проблеми
  • Пружање второстепена поддршка во дефинирани области (за хардвер и софтвер за работни станици)
  • Обработка на барања и нарачки за услуги (хардвер, софтвер, овластувања) според дефинираниот сервисен каталог
  • Спроведување на конкретни административни активности (на пр. распределба на пакети за инсталација на софтвер, поставување кориснички сметки и овластувања, овозможување пристап до мрежа)
  • Планирање на интервенции на лице место и спроведување на IT активности
  • Следење и обезбедување на пристап до IT инфраструктурата и дата центрите
  • Учество во имплементација на SDO концепти, улоги и стандарди

Твој профил

  • Диплома за завршено високо образование од областа на Информациски технологии (IT)
  • Претходно работно искуство во областа е пожелно
  • Течно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Мобилност за обука и работа во странство во времетраење од околу 6 месеци

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет 
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени

*Оваа работна позиција вклучува период на обука и работа во странство во времетраење од околу 6 месеци.