jobs.lidl.mk

Работни позиции Најави се Зачувани позиции

Специјалист за безбедност и здравје при работа

Аплицирај
HQ Manager/Experienced

Локација

Централа {amount} km
бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје

Тип на договор

Полно работно време

Ниво на работна позиција

Со искуство

Работна област

Недвижнини

Референтен број:

523576

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

  • Подготовка на системски спецификации/упатства за безбедности здравје при работа врз основа на релевантните законски прописи 
  • Имплементација на меѓународни технички спецификации (процеси и упатства)
  • Поддршка на останатите сектори во компанијата во однос на идентификување на опасности, креирање курсеви за обука, организирање на вежби за безбедност и здравје при работа и сл.
  • Комуникација и координација на надворешни даватели на услуги во однос на обуки и други релевантни активности
  • Вршење процени на ризици и учество во подготовка на процени на ризици од страна на надворешни даватели на услуги
  • Редовни инспекции (независни, со надворешни даватели на услуги и со надлежните државни институции) поврзани со заштитата на животната средина
  • Подготовка, ажурирање и анализа на KPI (пр. статистика за незгоди) во согласност со националните и интернационалните стандарди 

Твој профил

  • Универзитетска диплома во областа на безбедност и здравје при работа 
  • Најмалку 2 години искуство во областа
  • Валидно уверение за положен испит за стручно лице за безбедност при работа издадено од државна институција
  • Возачка дозвола Б категорија – активен возач
  • Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на германскиот јазик ќе се смета за предност 
  • Одлично познавање на MS Office пакетот
  • Подготвеност за патување во странство за обука во период од околу 3 месеци

Што нудиме

  • Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можност за обука во странство
  • Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • Пакет за добредојде на новите вработени