За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Следење и анализа на работното право, измена и прилагодување на внатрешната регулатива, како и редовно ажурирање на документите кои произлегуваат од работните односи
- Поддршка во областа на усогласеност со работното законодавство и локализација на проекти
- Развој, управување и мониторинг на системот за управување со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR Compliance Management System)
- Анализа на постојните или потенцијалните ризици за усогласеност во областа на човечките ресурси и креирање мерки за елиминирање или намалување на таквите ризици
- Координација и поддршка на функционалните сектори при воведувањето на контролите и мерките за усогласеност во областа на човечките ресурси (HR compliance)
- Советување на тимот за глобална мобилност за прашања и документација во врска со работното право, имиграционото право и правото на социјално осигурување
- Советување за прашања поврзани со усогласеноста во областа на човечките ресурси (HR compliance), како и координација и размена со секторите за работно право и меѓународната усогласеност во ЧР (HR Compliance International)
Твој профил
- Завршено високо образование од областа на правото
- Најмалку 1 година претходно професионално искуство во работно право и/или HR усогласеност
- Течно познавање на англиски јазик
Што нудиме
● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и
развој
● Можности за обука во странство
● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
● Атрактивен компензациски пакет
● Приватно здравствено осигурување
● FitKit месечен буџет
● Пакет за добредојде на новите вработени
Нашите бенефиции!
Ова се нашите бенефиции во Лидл!
Стимулативна работна средина која што го извлекува целиот твој потенцијал
Можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот
Место каде што твојот труд се вреднува
Можности за континуиран личен и професионален развој
Можности за глобална мобилност Инвестиција во вашето искуство, инвестиција во нашата иднина
Безброј можности за кариерен развој Ние не вработуваме само за денес, туку градиме кариери за иднината
Креираме пакет за топло добредојде во семејството на Лидл