jobs.lidl.mk

Работни позиции Најави се Зачувани позиции

Специјалист за привлекување на таленти

Аплицирај
Blue_Portrait_new_Both_HR

Локација

Централа {amount} km
бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје

Тип на договор

Полно работно време

Ниво на работна позиција

Со искуство

Работна област

Човечки ресурси

Референтен број:

683165

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!

Твои задачи

  • Активно учество во процесот на регрутација (креирање огласи за работа и нивно објавување, учество во преселекција, селекција и комуникација со кандидати)
  • Поддршка на менаџери во процесот на селекција и интервјуа за работа
  • Поддршка на нови вработени во preboarding фазата
  • Поддршка на реализацијата на стратегијата за брендирање на работодавачот со цел да се изгради одржлив имиџ на работодавачот
  • Креирање содржина и одржување на кариерна веб-страница, како и креирање содржина за социјалните медиуми и за брендирани материјали
  • Организација и учество на настани и активности за цели за брендирање на работодавач, саеми за вработување итн.
  • Соработка со универзитетите и кариерни центри

Твој профил

  • Високо образование (човечки ресурси, економија, општествени науки, маркетинг и/или слична област)
  • Минимум 2 години искуство во HR (регрутирање и брендирање на работодавач ќе се смета за предност)
  • Одлично познавање на англиски и македонски јазик
  • Одлично познавање на MS Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint)
  • Искуство со програми/алатки за дизајн ќе се смета за предност

Што нудиме

  • Работа во меѓународна средина со многу можности за учење, раст и развој
  • Можности за обука во странство
  • Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
  • Атрактивен компензациски пакет
  • Приватно здравствено осигурување
  • FitKit месечен буџет
  • Пакет за добредојде на новите вработени