За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Придружи се на динамичниот #teamlidl и стани дел од нашата успешна приказна!
Твои задачи
• Подготовка, координација, процесирање и ревидирање на проекти во релевантната област
• План, контрола и оптимизација на трошоците за набавки
• Внесување, обработка и администрација на податоци во системите на компанијата
• Прибирање и обработка на понуди и преговарање со добавувачи
• Подготовка и склучување договори со добавувачи за интерни потреби на компанијата
• Обезбедување поддршка за активности поврзани со набавки
Твој профил
• Минимум 1 година искуство во областа на набавки
• Високо образование (економски или сродна област)
• Одлично познавање на англиски јазик, германски ќе се смета за предност
• Одлично познавање на MS Office пакет
• Возачка дозвола Б категорија – активен возач
• Подготвеност за патување во странство за обука во период од 1 месец
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
- Можност за обука во странство
- Стимулативна работа средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- Fit-Kit месечен буџет
- Пакет за добредојде на новите вработени
Нашите бенефиции!
Ова се нашите бенефиции во Лидл!
Стимулативна работна средина која што го извлекува целиот твој потенцијал
Можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот
Атрактивен компензациски пакет
Можности за континуиран личен и професионален развој
Можности за глобална мобилност
Безброј можности за кариерен развој
Пакет за добредојде на новите вработени