Специјалист за маркетинг кампањи (за Lidl Plus апликација)

Аплицирај

Специјалист за маркетинг кампањи (за Lidl Plus апликација)

Локација

бул. Киро Глигоров бр. 2, 1000 Скопје

Тип на договор

Полно работно време

Ниво на работна позиција

Со искуство

Број на оглас

596945

Работна област

Служба за корисници

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Lidl Plus е дигитална програма за лојалност на Лидл. Повеќе од 100 милиони корисници од Европа веќе ја користат бесплатната мобилна апликација и уживаат во персонализираните попусти, дигитални купони, награди и ексклузивни понуди од партнери,  што го прави нивното купувачко искуство поефикасно и поповолно.
 

Твои Задачи

•    Поддршка во оперативната имплементација и тестирање на нови функции и активности во Lidl Plus, управување со различни барања и контрола на успехот на планираните активности;
•    Планирање, креирање и тестирање промотивни кампањи, вклучувајќи купони и други промоции во системот;
•    Самостојно планирање купонски артикли за различни механизми за лојалност, анализа на целните групи и применување соодветни стратегии,
•    Користење Salesforce Marketing Cloud за оперативни маркетинг иницијативи;
•    Поддршка во координирање на непречено функционирање на Lidl Plus и техничко поставување на апликацијата;
•    Соработка со различни оддели релевантни за Lidl Plus апликацијата, како и релевантен оддел за правен преглед на кампањи, регулативи и  политики за задржување на лични податоци;
•    Подготовка на слики за производи кои се на промоција/купони во апликацијата.

Твој профил

•  Високо образование (економски науки);
•  Задолжително познaвање на македонски и албански јазик
•  Претходно работно искуство од областа и со Salesforce Marketing Cloud ќе се смета за предност;
•  Добро познавање на Adobe пакетот (Photoshop, Illustrator, InDesign) ќе се смета за предност;
•  Подготвеност за патување во странство за обука од околу 6-9 месеци;
•  Поседување возачка дозвола – Б категорија (активен возач).

Што нудиме

•    Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој;
•    Можност за обука во странство;
•    Стимулативна работна средина и одлична организациска култура;
•    Атрактивен компензациски пакет;
•    Приватно здравствено осигурување;
•    Пакет за добредојде на новите вработени.

Нашите бенефиции!

Ова се нашите бенефиции во Лидл!

Стимулативна работна средина

Стимулативна работна средина која што го извлекува целиот твој потенцијал

Работа во интернационална средина

Можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот

Атрактивен компензациски пакет

Место каде што твојот труд се вреднува

Обуки

Можности за континуиран личен и професионален развој

Можности за глобална мобилност

Инвестиција во твоето искуство, инвестиција во нашата иднина

Безброј можности за кариерен развој

Ние не вработуваме само за денес, туку градиме кариери за иднината

Пакет за добредојде на новите вработени

Креираме пакет за топло добредојде во семејството на Лидл

Приватно здравствено осигурување

Ние се грижиме за здравјето и благосостојбата на нашите вработени

FitKit месечен буџет

FitKit е твој партнер за здрави навики и активен животен стил

Централа

бул. Киро Глигоров бр. 2

1000 Скопје