За нас
Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа, никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура, каде секој се чувствува свој, нѐ обединуваат и нѐ прават посилни – ширум сите Лидл земји!
Како Специјалист за бренд идентитет и дизајн, активно ќе учествуваш во процесот на управување со силен и единствен потрошувачки, корпоративен и работодавачки бренд на Лидл.
Придружи се и стани и ти дел од нашиот тим!
Твои задачи
- Обезбедување визуелен и концептуален идентитет на брендот преку конзистентна примена на интернационалната и националната стратегија за бренд идентитет на Лидл
- Прилагодување на брендот Лидл на специфичностите на локалниот пазар, со цел градење на силен и препознатлив бренд
- Синхронизирање на корпоративниот идентитет и корпоративниот дизајн во сите внатрешни и надворешни канали, како и координација на релевантни проекти на национално ниво
- Развој на локални стратегии за водечките сопствени брендови во прехранбениот сектор
- Следење и давање насоки во однос на комуникацијата креирана од страна на секторите за маркетинг, брендирање и пакување, корпоративни комуникации и бренд на работодавачот, со цел усогласеност со насоките на брендот
- Одговорност за дефинираните клучни показатели за успешност (KPI) поврзани со брендот и нивно редовно известување
Твој профил
- Завршено високо образование
- Минимум 3 години искуство во областа на брендирање, маркетинг или графички дизајн ќе се смета за предност
- Темелно познавање на квалитативните и квантитативните показатели во областа на бренд менаџмент и маркетинг
- Вештини за управување со проекти и работа со целни групи во областа на бренд идентитет
- Одлично познавање на англиски јазик
- Многу добри комуникациски вештини и способност за тимска работа
- Ориентираност кон резултати и аналитичко размислување
- Флексибилност и способност за работа во динамична средина
- Подготвеност за обука во странство во период од 6 до 9 месеци
Што нудиме
- Работа во интернационална средина со бројни можности за учење, и професионален раст и развој
- Можности за обука во странство
- Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
- Атрактивен компензациски пакет
- Приватно здравствено осигурување
- FitKit месечен буџет
- Пакет за добредојде на новите вработени
Нашите бенефиции!
Ова се нашите бенефиции во Лидл!
Стимулативна работна средина која што го извлекува целиот твој потенцијал
Можност за размена на искуства со колеги од 31 земја каде што постои Лидл на пазарот
Место каде што твојот труд се вреднува
Можности за континуиран личен и професионален развој
Можности за глобална мобилност Инвестиција во вашето искуство, инвестиција во нашата иднина
Безброј можности за кариерен развој Ние не вработуваме само за денес, туку градиме кариери за иднината
Креираме пакет за топло добредојде во семејството на Лидл