jobs.lidl.mk

Работни позиции Најави се Зачувани позиции

Специјалист за администрација на човечки ресурси

Аплицирај
Blue_Portrait_new_Both_HR

Локација

Централа {amount} km
бул. Киро Глигоров бр. 2
1000 Скопје

Тип на договор

Полно работно време

Ниво на работна позиција

Со искуство

Работна област

Човечки ресурси

Референтен број:

672073

За нас

Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!

Твои задачи

● Учестува во подготовката на документација за новите и тековните вработени и се грижи за комплетноста на истата (вклучително и регистрација на вработувањето и промените во Агенција за вработување).
● Врши прибирање, евиденција и обработка на податоци за вработените поврзани со нивното вработување, нивните основни податоци како и
податоци за редовноста на вработените (присуства, отстуства- платени и неплатени).
● Одговора за точноста на податоците во системите за човечки ресурси и се грижи и за редовно ажурирање на нивните промени во согласност со законот за заштита на податоци
● Ги следи документите и податоците од времен карактер
● Лице за контакт и поддршка на вработените во врска со прашања за вработувањето и работните односи
● Подготовка на документи во врска со работен однос (Решенија за годишен одмор, Овластувања, Потврди за работен однос, препораки и сл).
● Изготвува административни извештаи за потребите на секторите ( за вработените, присуства, отсуста) и врши административни работи поврзани со  престанок на работен однос и раздолжување на вработените
● Работа на проект во период од 2 години

Твој профил

● Високо образование
● Пожелно 1 година искуство во иста или слична област
● Познавање на англискиот јазик
● Способност за соработка и тимска работа
● Ориентираност кој резултати и способност за приоритизирање
● Организациски способности

Што нудиме

● Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и
развој
● Можности за обука во странство
● Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
● Атрактивен компензациски пакет
● Приватно здравствено осигурување
● FitKit месечен буџет
● Пакет за добредојде на новите вработени